рецидив (м.)
МАКЕДОНИЗАМ Везени пиперки Граф у петок Издувни гасови како рецидив
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Како трн во око во тој момент ми падна државниот грб со првокласен афион кој патем беше комунистички рецидив.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Торакална хирургија беше претесна да ги прими пациентите од рецидивите на западното ѓубре.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Југославија, со своите делови кои биле под Османската империја (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија), но и под империјата на Австро-Унгарија (Словенија, Хрватска, Војводина), можеби повеќе од било кои делови на Европа и светот, опстануваше во жилава инерција, се метаморфозираше, понекогаш се обновуваа рецидивите на синдромот на јаничаризмот, на невозможните манипулации на монархистичката, републиканската или идеолошко-тоталитарната власт со идентитетот на човекот кој живееше во различна јазична, етничка, верска, идеолошка и друга заедница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уметничките објекти - скаменетите рецидиви кои остануваат на тој пат - никогаш не можат да добијат потполна вредност, да станат цел на нашето интересирање.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)