решетка (ж.)
Се думам така и гледам низ решетките: ми бегаат некои наретки дрвја и некоја недогледна рамница што се одвртува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мавта со опашот и ги лиже сувите раце стиснати на решетките.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја залепил главата на решетките од кафезот и таинствено се насмевнал.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од двете страни на решетките имаше студен провев.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Има само една стишна решетка низ која паѓа светлината на подот. Некоја сиромашна светлина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Лево, валканите решетки водеа до подрум од кој избиваше здив на смрдлива дупка.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Па ми иде да ја откорнам решетката од пенџерето и низ пенџере да влезам, вели, да го сменам влезот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нѐ делат во кафезите со решетки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Птицо, дали ѕвони златото во твоето грло зад решетките на ваков кафез?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Потоа долго седевме и гледавме кон улицата, низ решетките на балконската ограда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се разговараме низ решетките, се гледаме ко животни во зоолошка градина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Брат ми ја позеде книгата, од помеѓу нејзините страници испадна пресуваното глуварче кое во паркот едно дете ѝ го подаде на Сара низ решетките на оградата, и кое таа го имаше ставено меѓу страниците од книгата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе бувне ветерот низ решетката и ќе се срони ко песок на мене, ќе ме згугурави.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се бацуваме така низ решетки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Низ малите железни решетки одвај се пробиваше малечко снопче сончева светлина.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сепак песот го чу. Се повлекува назад, се врти и пак се враќа кај решетките.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Реков за што станува збор, дека не е голем проблем, дека за час може да се реши, но тие едноставно ме собраа, рекоа дека таму ќе објаснам, ме одведоа во квартниот оддел на полицијата, ме ставија во едно тесна просторија зад решетки и ме заборавија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
16. Наѕирам низ решетките на прозорчето, свртено кон дворот меѓу бараките, и гледам една чета построени момчиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се обесив на решетките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)