рибји прид.

рибји (прид.)

Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаев дека пликовите на неговата изгорена кожа се како наголемени рибји очи и верував, тогаш, дека под нив месото е црно и црвено, недојагленосано но не и со толку крв како пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од издишката, низ подотворената рибја уста му се цедеше некоја црна леплива магла која ги нагризуваше или наразуваше, како со киселина, очите на секој кој ќе погледнеше во него, волно или неволно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Турците му дотураа по некоја чинија грав или рибја чорба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се сети на настанот виден во детството; на ножот светкав како влажен рибји стомак; на проѕирниот лак што го остави зад себе проклетиот челик пред да ја пробие ленената кошула; на темната лочка крв која не беше растопен пламен на малини; и на дебелите стакла на жандармеровите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не познавам никого“ , ги дигна рамениците и се тргна од прозорецот. „Но зоолошките волци не ги хранат со рибји конзерви и банани.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Писарот ја премести капата над чело и како артист, со раширени раце и подадена нога, драматично зашумоли со сета своја рибја крв: - Ова е, молам, навреда за законот, за државата. Јас не дозволувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стресените деца во салончето што чекаа на ред зинаа од чудо, им замрзнаа малите, рибји очи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Рибји меур пред прскање. Мозок отворен на безбожји ветришта.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тоа беше остра светкавица или сребрен блесок на рибји стомак или студен, наскоро проѕирен мразулец.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стегнати, собрани, тие ќе внесеа трепет и недоумица кај соговорникот, да не беше рибјиот поглед под нив, влажен и мирен, кој праќаше јасни пораки дека од неговата замајаност може да го истрга само некој силен страв, болка или страст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Е, колку нѐ изврте човеков, токму како јагула, никако да дојде до вистинското прашање што му го постави секретарот за јагулите, за рибјите патеки, за да му се спаселе јагулите, - повторно коментираше Јагулче Дримски, но сега нечујно, онака за себе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш дојде со големи чекори од зад куќата див човек а со шепа држеше шепа на голо, збрчкано, пискотливо чудо: ситно и бушаво старче на долги гаќи, босо и со раменици на кои не можеше да се потпре ни петгодишно дете: на изгребаното лице со ретка брада подзинуваше и се склопуваше на рибји начин празна уста. Падна на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓе со криља, луѓе со глави на змеј и луѓе со алишта од рибји крлушки играа, правејќи круг околу нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Немаме ниту гаранции дека нашиот западен сосед Албанија ќе прифати да го доградува рибјиот пат од границата до морето, доколку и таму на реката се извишат хидроцентрали.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И што ќе е тоа, тој замав, тоа запенето задоволство, тоа исчекување: остра светкавица, сребрен блесок на рибји стомак, проѕирен мразулец? Јасно, човеку: нож!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Истовремено, од него дуваат „ледени ветрови“, има „рибја уста“ од која се цеди „леплива магла“; кожата на лицето му е „сипаничава и рапава“; и постојано молчи „како нетмур“ кој „никако ни да ги проголта, ни да ги исплука“ зборовите и мислите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На главата имаше калпак од рибји личунки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)