ригорозен (прид.)
Изворите на чинговата стилистика се наоѓани, главно, во тие два домена, во фолклорот и во говорниот јазик, меѓутоа филтерот кој ги прочистува тие две структури е извонредно многу ригорозен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој значително придонесуваше кон поширокиот проект на високото образование: занимлив беше, добро осмислен, тераше на размислување и беше ригорозен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но бездруго во лингвистичката наука постојат ригорозни принципи за класификација на балканските јазици? се надоврза Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Извесни пуританистички влади донесуваат крајно ригорозни закони против трговијата со наркотици, а истити тие влади тргуваат со наркотици.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако автодидакт, во проучувањето и откривањето на јазиците, надарен со силна дарба и интуиција во учењето на новите јазици, тој добро знаеше дека лингвистиката е комплексна и ригорозна наука.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сакам да сугерирам дека луѓето не живеат според некои ригорозни правила туку донесуваат одлуки кои изгледаат разумни во дадени околности.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Каква неочекувана и ригорозна промена на ставот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)