ризично прил.

ризично (прил.)

И со лекарско уверение беше ризично да се остане в кревет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го преземав можеби ризично делот од непишаниот татков аманет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ама, вака не ќе можиме да тераме уште долго. Ризично е.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ризично не ризично, јас велам да се вратиме откај што дојдовме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стигнувањето до неа беше тешко и ризично, но самата соба беше светилиште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Иако тоа е страшно ризично. Посебно овде на Балканот. Поради тоа ние би можеле да се скараме, да се степаме и да се заколиме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако е ризично, не го буди за да го проучува и експериментира.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Би било можеби малку ризично во оваа ситуација да ѝ го каже своето вистинско име.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— А бре, браќа, по мое мислење ризично е да тргаме, ризично е и да останеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)