римски прид.

римски (прид.)

Додека на почетокот римските преторијанци биле империјални гарди, јаничарите уште од почетокот го формираа јадрото на воената сила и вршеа силно влијание врз другите војници наложувајќи им дисциплина и цврстина што им недостигала.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Протестантски отпадници за време на Инквизициите на Римското папство - да не го заборавиме палењето на вештерките изведувано од страна на Протестантите кога тие го преземаа раководењето со одделението за контрола на Хаосот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И затоа продолжи неговиот рефрен во Римскиот сенат со уште поголема жестина Картагина сепак мора да биде урната!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше сплескан профил на римски цар од стара бакрена пара и тврди раце, и мавташе како мелница погодувајќи со секој удар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овој пат се градел во времето на Римската Империја со цел Рим, преку Балканот, да се поврзе со Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Македонци мои, спасувајќи се од занданите со повикување на римското граѓанство свое, тогаш неумесно ве подучив и не ви кажав сѐ што требаше да ви кажам.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Била воведена директна римска административна управа со постојан римски намесник со седиште во Тесалоника.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога заврши со цртањето во легендата на картата запиша: Римска Империја.
„Граница“ од Луан Старова
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И успесите на славниот Ханибал над регуларните римски војски не се резултат на ангажирањето на слоновите, туку најмногу на успешните борби на мерценерите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Биле поставени и постојани римски гарнизони.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Вратите на градот преку кои се влегуваше во балканска Европа и преку римскиот пат Виа Егнација, се стигнуваше преку Цариград до Индија, беа обраснати во бурјан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова се случувало на празничните денови на Римската империја, но во денешни времиња човештвото осудува на мачеништво и свирепа смрт милијарди животни, размислувал утешно стариот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ што Татко насетуваше во своите свети книги опкружен со марксистичките и со своите потраги во судбината на својот народ по падот на империите, посебно последните три (Римската, Византиската и Отоманската), и сега во загработ на сталинистичко-комунистичката империја, сѐ што можеше да предвиди, јас како да го откривав во музеите, во театарските претстави, во страдањето на вековно спротивставуваниот менталитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прогонувањето на преведувачите на Библијата во времето кога научниците заедно ги преведуваа и репреведуваа грчките класици и римските автори, е важна алка од ланецот на причинско последичните врски кои имаа придонес за развивањето на капитализмот и падот на феудализмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чанга со восхит слушаше една вечер кога татко ми занесено му раскажуваше како козата успешно поминувала низ римската, византиската, отоманската, па еве веќе успеала да се пробие и низ сталинската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не почнала ли првата битка помеѓу железото и карпата во времето на римските робови?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како и да е на една опитна и достоинствена коала Која била на аудиенција и кај Римскиот Папа Секако ѝ прилега да верува дека толку време не сонувала попусто Сеедно што севезден се распространува општењето во здрав разум И што еукалиптусите сѐ повеќе се наврнати од кисели дождови.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Повеќе