рисјанин м.

рисјанин (м.)

Ако пак тие мислат со нас да не се церемонат и да нѐ лажат Европа и нас со реформи што не ги исполнуваат, тогаш не ќе се зачуди Турција ако и ние ги обрнеме нашите погледи кон Европа и од неа бараме да се воведат во нашата татковина со сила тие реформи што се признаваат од силите европски за вистинска требност за успевањето на религиозно-националното и културното развивање на македонските рисјани 5.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи дојдени од Албанија, иако рисјани кои говореа многу чист македонски и не го знаеја албанскиот, нашите почнаа да ги викаат Албанци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Овој народ, кој живеел меѓу рисјаните и муслиманите и кој не влегувал во судири со нив, не може да се определи која вера е за него подобра.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го праша тогаш Мехмед паша, гледајќи го под око ибн Пајкота: „Ако мислиш да си купиш дете од пазарот за робје, дете да ти слугува и да ти мете низ дуќан, јас дозвола давам. Ти си аза, чело на рисјаните. Само речи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе дуќани почнаа да се затвораат, дуќани на рисјани и дуќани на Турци, а оние што останаа отворени ги голтаа во својата длабока темнина главите на замолчаните дуќанџии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таму можеше веднаш да се забележи дека верската поделеност, меѓу рисјаните и муслиманите, беше поизразита, незаплисната од брановите на лаицизацијата на која Мајка беше навикната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше време кога рисјаните ги беа веќе платиле арачот и сите други давачки, та малку се беа олабавиле и тоа Петре го сеќаваше по сѐ низ чаршијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Организацијата пак сака друго: Секој наш човек — рисјанин — да постане јатак, секој да постане селцки кумита; дење да ора и копа, ноќе да тргне со тебе да ти помогне во твоата работа ако ти е тешка сам да а свршиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жителите рисјани на селото Долнец, Б-ска каза, имаат дадено молба да им биде дозволено да изградат црква на местото на старата мала црква која од старост се уривала, а била некогаш градена на имотите на домаќините Тодор Цане и Спире Угрин, долга 24, широка 16 и висока 10 аршини.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пееја, небаре спротивставувајќи ѝ се на вечните бранови, за славните предци кој што на чело со предокот Суљ Старова и албанскиот рисјанин Бендо Шапрдани, успешно им се спротивставиле на четириесет илјади аскер на Ахмет паша и на послушните Румелиоти, останувајќи херои засекогаш во полифоната песна.
„Граница“ од Луан Старова
Така е ефенди, адетот кај нас рисјаните...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ама никој од старците рисјани не пушти глас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А ти ни беше единствениот учен адвокат, со диплома дури од Цариград, кај кој си наоѓавме дерман во небиднина, сите и рисјани и муслимани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Туку... ние рисјаните се чудиме како се решивте да дигнете рака на силниот ислам?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Робовите беа пуштени од апсаните, невините рисјани беа спасени од веслање по корабите и нивните куќи не останаа празни за да бидат во нив населени Турци-Анадолци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Припаѓаа на три вери, беа рисјани (православни и католици) и во голем број преобратени во муслимани, без да бидат тврди во ниту една религија, повеќе од различните вери најмногу ги поврзуваше албанството, стапуваа често во мешани брачни заедници, не познаваа верски судири во историјата, видни дејци, интелектуалци, писатели, живеејќи во туѓина повеќе беа прелеани со клучни вредности кај другите отколку кај своите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе