ритуал (м.)
Имаше видено како пушачите го прават тоа; но не знаеше зошто го правеа, можеби тоа беше само гест, еден од маниризмите, што беше структура на ритуалот на пушењето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Заради нив тој го научи сефардскиот, иако ритуалот во синагогата го врши на хебрејски јазик, а проповедите на англиски, кој и по толку децении го говори со заостаток од германскиот јазик и јидишот, еврејска варијанта на германскиот, во посебни пригоди знае да проговори и на ладино, јазикот на основачите на неговата синагога.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Заборавивте на вашите ритуали со маски Го изгубивте ритмот на танцувањето на идолопоклониците...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тоа беше дел од дипломатскиот ритуал кој во оваа земја имаше посебен вид.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Христијаните и Евреите под муслиманска власт можеле слободно да ја исповедаат својата вера и да ги извршуваат ритуалите, задржувајќи ги своите цркви и синагоги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кучето го смени своето поведение однесувајќи се како да применува своевиден ритуал наменет на минутите во кои стариот професор се готвеше да си легне.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ритуалите на иницијација и учење на тајните вештини се заеднички за двете.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во XV век неговите ученици ќе го реорганизираат братството во верски ред и секој млад јаничар ќе биде воведен во ритуалите на овој ред на Бекташите од навидум муслиманска припадност, но кој се сметал за турскосунитски ерес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во такви услови, она што му останува на театарот е да се приклучи на сценските изјави кои го доближуваат до ритуалот и игрите во кои доминираат визуелното и звукот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Стануваше збор за женска долна облека закачена на втемелувачките столбови, небаре непознат пагански ритуал на повикување на божиците на плодноста.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го отвори шишето шампањско според автентичниот ритуал, се слушна малата експлозија, тапата невидливо одлета, а пенливото вино претечуваше од трите чаши.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Како и да е, продолжував со секојдневните ритуали. Трчање по скали, па пак кафе, потоа до продавница по намирници.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Перформансот се претвори во оргијастичко прскање поликолор со таков спонтанитет и енергија што зачудената од почеток публика брзо се ослободи од првобитната фрустрација и влезе во таква екстатичност што сето тоа почна да наликува на некаков Вуду ритуал.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Табакера си купив од трафика; додуша не е златна, но навистина го правам ритуалот со редењето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Почнува ритуалот око на око: твоите тивки солзи наеднаш стануваат лечебни капки во моето болно око.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)