робијаш (м.)
Којзнае колку робијаши има во Сибир! Може овдека ќе остариме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Овдека секој работник имаше број и мораше да го носи закачен на градникот, како робијашите во Ерзерум или Диар-Бекир, а чаушите евиденцијата ја водеа по број, а не по лице.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имало и некој Бугарин од робијашите, па тој ништо не јадел, ништо в срце не клавал, вели. Само офкал за Бугарија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Робијашите од логорот номер 23.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А анархист, државен непријател и јатак можеби и не е такво некое чудо заради што ќе ме натепа. Робијаш - чудо големо!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се клештеше, јас поп, жандарм, робијаш, јас вечен патник кон нигде.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Старанитес, старанитес! Колоната наша се испровира меѓу полицајците и робијашите, како бразда вода низ поголема вода.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не, вчера, кога решив да не бидам робијаш, одговори.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кое вчера - она кога тие рекоа дека ќе станеш робијаш? праша.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Ќе им го земат оружјето, ќе ги заробат и како робијаши ќе ги пратат да работат во Германија.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Робијаш, занесенко. Против златната наша црква е. Безбожник, нетрапник.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Чувствуваше темно чукање под превивките и следеше едно минато без грч на лицето: ти ќе си робијаш, синко, говореше татко му.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)