ронлив (прид.)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Под широкиот резец на длетото ронливата влажна земја меко тече по неговите дланки.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаев дека таа нејзина сигурност е неприродна; претпоставував, дури, дека зад неа се крие и сосема ронливо човечко суштество, слабо и искомплексирано.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Петок, 16.30 Ги голтаме малите ронливи другарчиња, а времето надвор како да го Екстази означува почетокот на летото. Гулапчиња, за секого по едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Враќајќи се од своето прво истражување на околината, треперејќи од збунетост, глад и необично брзото стемнување на крајот од необично долгиот ден, во дворот на замокот виде како момче со темна кожа и блескава како старо седло, гол од половината до црните локни залепени од потта, поубав од ѓаволот во книгата која никогаш не ја видел, носи полни раце ронливи и шушкави струготини, ги реди и ги пали, а потоа покриен со синилото на мракот, со позлатено лице и гради на кои потта врие и ‘рти во чад, со празните раце го фрла својот ден на клада.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кожите се чуваат во фрижидер неколку дена додека не станат ронливи, а потоа се прави прашок кој се пуши.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)