салвета ж.

салвета (ж.)

На асталот во трпезаријата секогаш имаше беспрекорно чист бел чаршав и салветки кои беа ставени во специјални држачи направени од сребро и коишто имаа форма на мали обрачи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Откако ја изеде својата порција шпагети со сос од патлиџани, грашок и шампињони, од салветата што му беше приложена до чинијата направи десетина мали топки и со некаков ластик кој на кој знае кој начин се најде во близината, се обиде да го гаѓа својот пријател сликар, на што овој се навреди и побегна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Д-р Максимилијан Мертен задоволно ја брише устата со салвета по обилниот појадок, не брзајќи да се сретне со оној снисходлив Евреин што моментно раководи со солунската еврејска заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Живееше само од питијата и питите што му ги оставаа болните дојдени од крајот на неговиот татко: шишињата ракија завиткани во стари весници, а комадите пита прекрстено стуткани во книжни салвети како во шарени шамии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)