самоконтрола ж.

самоконтрола (ж.)

Тој не е грешка, не е ничиј пукнат кондом, не е ничие безгрижно пролеано семе, ничија неспособност за самоконтрола.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ете, во тој момент и вистински ја загубив самоконтролата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја виде страста, но и самоконтролата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Реплики за самоконтрола во однос на барањето мислење од другите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Живото суштество со својата самоконтрола треба да ги негува чувствата: мора да научи да живее со нив, прифаќајќи ги.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа ги прифатила овие практики како форма на самоконтрола и како суштински во трансформирање на нејзиниот живот во некој прифатлив облик - кој би бил израз на нејзината самоактуализација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Винстон поврати дел од самоконтролата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но јас сиот свој живот го поминав без некој увид во поединостите и без стриктна самоконтрола.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Немав маргина за поправање на грешките. Американците посебно се плашат од отфрлувањето на самоконтролата и од дозволата нештата да си одат според својот тек, без наше мешање.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)