самјак м.

самјак (м.)

Самјаците нему при втората средба секогаш му удирале назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој речиси чу како веднаш зад неговата нога, веднаш до неговата натколеница, просвире остриот заб на она виорно понесно самјачиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За секој друг оној единствен избеган самјак и тврдоглавата мечка, пред која сѐ што ти останува е да отстапиш, не би морало да значи нешто толку големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја доби со своето ризикување за тоа дека самјакот не можел да се задржи во ниедна од сите поминати долки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој, другиот, да стоеше малку подалеку од мене, во оној миг, додека јас не стасав до чамот, и да му закопаше барем уште три зрна во ребрата, додека беше далдисан по мене, оној прекрасен, оној судбински самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие лески имаше доста простор и доста топла земја за во неа да може да се вовлече неговиот самјак и да си ја скрие и својата болка меѓу испреплетканите корења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прво ги изнаоѓаше сите места, каде што беше самјакот додека тој пукаше по него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некаде далеку угоре по долината, кога неговата разоденост беше престорена во една свикнатост, од која му беше топло и пријатно во секое делче од неговото тело тој, сосема мирно, продолжувајќи без тешкотии да се пробива, почна еден обичен, тих разговор со оној свој самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А така, изненаден, самјакот можеше многу лесно да се впушти по истата дира назад и притоа и него да го собере пред себе со оние свои заби и само додека трепнеш да го разнесе по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го прифати сето она, кон што го повикуваше неговиот самјак, наполно мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Правеше сѐ, што беше потребно, за да го затекне самјакот на легало, или пак како продолжува да го разнуркува со својата долга чуручка црноземот по млаките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не тоа можеше да биде помислено за секој од сите оние поранешни самјаци, што ги имаше ловено тој, само не и за неговиот пријател напред. Беа само негови соништа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А после, кога виде дека самјакот продолжил понатаму, знаеше дека повеќе ни еднаш нема да го настигне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе