свесен прид.

свесен (прид.)

Ретко сме свесни за својот сопствен кич.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Свесни дека во тие повоени години лесно можеше да се стане роб на изговорените зборови, тие многу внимаваа кој ќе биде четвртиот партнер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беа свесни дека им претстои голема макотрпна работа на која тешко ѝ се гледаше крајот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Очигледно не беше свесна дека љубовта се јавува во различни облици и нијанси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тоа време не беше свесен дека ја сака за некоја посебна цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од овие моќни бедра еден ден мора да произлезе раса на свесни суштества.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бираше истите да бидат на ластик зашто беше свесна за своето ширење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За миг стана свесен за своето бреме од обврски и одговорности.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По тие часови почнав да откривам и нови чувства кон таа жена, и покрај свесниот отпор што ме држеше на раздалеченост од неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беа свесни дека делата биле пишувани во текот на некогашната борба и јунаштво за поттик и пример, но сега тоа не можеше да важи за сегашните, а уште повеќе за идните генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постепено таа станала свесна дека нема да бидат никогаш среќни со мажот поради таа страшна вистина, колку и да се сакаат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој не можеше да ги следи бројките, но беше свесен дека тие на некој начин се причина за задоволство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше дека можеш да си сигурен во некого дека е кукавица, но дека е многу незгодно набргу со свои очи да го видиш; а и тој да е свесен за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или навистина стануваше збор за неразјаснетите текови кои користејќи го нашето невнимание не туркаат по некој пат за кој можеме да тврдиме дека не бил некоја наша свесна определба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќе преспиеме, па ќе видиме! - рече доктор Коста, свесен дека секакво донесување заклучоци во ова време може да биде пребрзано.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше чудесно свесен за положбата во која се нашол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во таков случај секој ќе беше свесен оти не само Македонците, ами и Бугарите од Бугарија и од Тракија прават еднаква со нив отстапка во полза на центарот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На моменти беше можно дури, омразата да се префрли со свесен чин во еден или во друг правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но за жал бев свесен дека не располагам со многу податоци што бездруго ќе ја збогатеа таа вистинитост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа беше свесна дека е привлечна девојка, но сепак тие довикувања правеа да се чувствува малку непријатно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе