светлосен прид.

светлосен (прид.)

Курирот ја сврте светилката кон местото од каде допре гласот и го повтори светлосниот сигнал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти ги испратив тебе поради твојот занесен изглед небаре без престан посматраш водени отсјаи стари карти кутии кои се отвораат само пред сведоци списи кои се даваат на реверс саркофази врз коишто светлосните зраци смртоносно се вкрстуваат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оваа пештера всушност е најмногу полна, со изобличени светлосни потоци како хиероглифи, променлив јазик изгубен во променливите бранови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Земјата по мене видливо се движи и сета испресечена со маглени реки и светлосни риги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие работат врз следниов принцип: ако дојде до испуштање на недозволено количество на материи - загадувачи или вишок топлина, тогаш се активира светлосен или звучен сигнал од 15 секунди.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нека сонуваат, нека растат вљубувајќи се во светлосниот насмев и зареч новогодишен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Улицата под него зина понорно и го присили да се придржи за венецот од покривот и полунаведнат се приближи до железната конструкција на големата светлосна реклама - неколку бесмислено испреплетени железни штангли што придржуваа еден круг со вкрстени букви на реклама за аспирин, распната без потреба преку небото, некогаш одамна поставена и заборавена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како што леталото завлегува во зоната на ноќта распослана над Атлантикот, низ прозорецот допира сѐ поскудна светлина, како некој надвор брзо да го свртува реостатот од светлосниот парк на дневната светлина, па океанот добива на таинственост и несфатлива длабочина, а на небото се појавуваат првите ѕвезди.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја изгубив сметката на времето и се најдов меѓу изгубените од дружината, врел, со развеана коса и со очи обземени од копнеж без сочувство на луѓе што еднаш веќе минувале по светлосната врвица на првата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ме повикуваш... Се плашам од мислите, што ко троскот се множат... со светлосна брзина, ко цел аскер, непријателски ме гушат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Некои од нив се оддалечени со милиони светлосни години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои луѓе со часови стојат само пред султанската дијадема, со 84-каратен дијамант, сместена во една витрина, која заслепува со своите светлосни преливи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го опоменува ведата која го соединува со растенијата по светлосни вертикали. Прашањето за коешто нема милост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби несвесно емитуваат сигнали, можеби потреперувањето на нивните мускули, по неколку светлосни години, ќе предизвика нежна вибрација на некоја друга планета.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сликите имаат засенчена текстура и светлосна радиозност што го привлекува окото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Светлосни облици експлодираа, трчајќи по целиот екран за потоа да се затемнат до црно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Светлосната жица помодруваше, а заедно со ова неуморливо пристапување на приквечерината, гласот на Глигор добиваше нова упорност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе