свештеник м.

свештеник (м.)

Православните свештеници спасени од теророт и смртта, започнаа со црковните служби во спасените храмови од уривање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Свештениците го воделе и учеле народот, таа опстојувала сѐ до илјада седумстотини шеесет и второ лето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Биеја битка за да имаат коџобашии и свештеници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зарем не беше запишано на паноата тоа што сакаа да ни се порача, во списоците за убиените свештеници и верници, па сега мораат и гласно да се читаат овие имиња, да се коментираат нивните дела, со различна интонација на гласот, во зависност вината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Благородниците и свештениците се задолжени за мислење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така е во фамилијата на свештеници.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Старите ја загубија верата; свештеникот седи дома и ги расчеткува одеждите едноподруго; а лекарот треба сѐ успешно да врши со својата нежна хируршка рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За доказ на својата теза ги земаше крвавите пресметки на комунистите со свештениците од речиси сите вери.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Ласиќевиот модел на узорна интелектуалност доаѓа до израз синдромот на добронамерната конструктивност кој на виделина го изнесува стариот копнеж по привилегираната општествена улога на интелектуалецот, по онаа улога што во општеството ја играа чудотворците и шаманите, пророците и свештениците - сите оние чијашто задача се состоела во тоа празнината околу која се конституира општеството да ја исполнуваат со еден провизориум од пророштва, митски приказни и религиски слики на светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Планот му бил да овега, на Партениј, и тоа отпосле се дозна, кога ќе бидат готови, соѕидани општината и училиштето, да дојде во Потковицата и ако не се согласи Максим милум и за поткуп, со сила да ги освети пред да го стори тоа некој егзархиски свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Работата е во тоа што тие, капиталистите - тие и малубројните адвокати и свештеници и така натаму, кои живееле на нивна сметка - биле господари на земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Жртвувањето на косата на мажот е древен знак за свештеничка позиција, почнувајќи од потполно истрижените глави на египетските хиерофанти до тонзурата на католичките свештеници и будистички калуѓери.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гледа во еден од свештениците, повиено старче со влажен и замислен поглед, кое поради возраста веќе не служи по епархиските цркви, забележувајќи дека неговата риза е толку стара и така избледена, што наместо црна, на сивата светлина на денот се чини модра.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако не може поинаку да биде, а гледаме дека не може, не можеме да го пречкртаме Хаџи Ташку да не ни биде свештеник, вели Никола Јанчески, да го потпишеме писмото и да се здоговориме како ќе одиме и кога ќе одиме во Прилеп, - в петок одвечер или в сабота зараното?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред олтарот, лак од густо златна светлина во вид на порта пред која стои свештеникот, запираме.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Умееше во својот глас да навлече бес и иронија, сарказам и гротеска, кога зборуваше за гревовите на католичките свештеници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе