свила (ж.)
Сенка темна се надви над розов бакнеж во свила стегнат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Сонуваше ли рај и ангели во проѕирна свила?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Академици: Сите членови на Академијата се старци и носат на главите абажури од зелена свила!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ни подарија радиоапарат и неколку метра црвена свила за македонски знамиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мојата кралица на постела лежи Лек за нејзе нема, главата ѝ тежи Дај помагај бабичке мила Ќе те дарвам со злато и свила.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Јас уште ги носам гаќите и елечето од црвената свила што ни ја подари македонското друштво од Софија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И покрај сета бесмртност
трошка леб молам
('Лебот се гледа со очи!')
еден добар, една добра, едно добро
за душа
на оној кој ја презира златната средина
оној кој се чувствува удобно
во сопствената природа
и лебди леко, глатко глето
клепка врз клепка - лебедова свила
по рабовите на смртното
случајно жив
фанатично осамен
благодарение на предрасудите за природното
и вештата заблуда
дека живее во заедница
а не сам, самотен!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И ние сакаме румени образи, медени усни покриени со превез од свила!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тој ја милуваше светлата свила на нејзината кратка коса, обликувана во локни според модата на времето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И ноќе кога месечко гроб ѝ со свила виеше ветерчок тихо над неа жална ѝ тага рееше: „Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна...“
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ars poetica
кога го опеваш не го спомнувај
морето, туку кажи делфин
кажи алга, кажи блуз
или
за морепловците, потонатите ’ртови
јодот и струјата зборувај
за солта, нуркачите, светилниците
за галиите, фосилите, коралите
за одронувањата, песокта, реумата
за ритамот
за матката
за бродоломците
за капаците на прозорците, кристалите и
авантурите, морските болести и трговијата
на свила и бело робје
за капетаните последни што умираат
за проститутките кои не се надеваат...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сиот нејзин живот беше таков, секоја нејзина желба се протегаше до исполнувањето лижена од ладниот пламен на свилата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој го удри по растресените и бели влакна, меки како свила, кои, за да бидат чисти, Тито мораше да ги чешла со својот остар јазик.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беше пет метра црвена свила, велам, за да сошиеме македонски знамиња, а не бугарски.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Немаше во што да се преслечеме жените, велам, и зедовме ножици, ја скроивме свилата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги привлекува витките, јадрооки девојки со скапи подароци: ѓердани, позлатени гривни, свила и чоја и така лесно, како пеперуги во оган паѓаат во неговата шепа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Имам албум од ренесансата, во нив сликички од Злато, сребро и свила што молскоти... По малку и зачин...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Њет нека биде, велам, таа свила не ни ја подари бугарската делегација, туку претставници на македонското друштво од Софија, не можам без цигара... Давај, давај, ми велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)