свилен прид.
свиленикав прид.

свилен (прид.)

Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го лижна леденото ванилино топче и во таа една или две секунди нејзиното свилено здолниште затрепери од допирот на незабележливото здивче ветер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа му нарача за празникот да è донесе свилена забратка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долгите нозе во свилени црни чорапи застанаа пред него, во полумракот на собата во која беше заборавил да запали светло.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Свилената марама ме натера да можам да се погледнам во огледало без однапред познатата аверзија, фрлајќи во дефокус секаков натпис од девијантна природа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Најпосле се појави Стоја со свилени фустани во боја расплетени кадрави коси, и штикли високи носи.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Кога ги открив помеѓу нејзината облека розовите гаќички и свилениот црвен комбинезон што пред малку ти го пробував си реков зарем може да е грев ваквите убавини ако ѝ ги облечам место на Натето Дуково на Огнена што уште не сум имал среќа да ја допам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Можеби си сонувал свилена грива и коњ што те носи во приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И беше сум заспала, ко свилена буба во кожурец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откриено е дека габичката Botrutis предизвикува болест кај свилените бубачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мајка како мајка: додека чека на компјутерскиот екран синот да ѝ дарува дневна доза најубави насмевки во кожурка од свилена буба реди сѐ што се крие во неа и саде се чуди колку бил замрсен животот и колку време треба да се раздипли сето што се збрало во кожурката од свилена буба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Зашто, ако женското е со шапка, или ако носи свилени чорапи, или ако в раце држи некакво кутре или пак има златен заб в уста, тогаш таквата аристократка и не е некакво женско, туку, да ми извините, мазно место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Езерото беше пурпурно, розова занес, бисерен аметист со квечерина, а потоа се потопи во ноќна црнина со чипка од свилена пена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Црни растурени, свилени коси ме галат по колковите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ќе носам свилени чорапи и чевли со високи топуци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Небаре нозете му беа сковани во окови, а срцето со свилен гајтан престегнато.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги менуваше белите свилени кошули секој ден, а откако во него се всели неумоливата гушителка – туберкулозата, по три на ден.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе