свири (несв.)

Свири, ѝ вели на жената, оти бомба држам в раце... Рачна граната, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сирената свири, ги разбркува луѓето од улиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тивко ветре завеваше, свирејќи низ голите гранки... откинувајќи ситни праменчиња мов од стеблата на буките...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Куршумите свиреа удирајќи по дрвените самари на коњите одбивајќи се од нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Должност на чембалистот е да свири на инструментот.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Бетовен бил назначен да свири на виола, и оваа врска со оркестарот му била од непроценлива важност на многу начини.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Гинеколозите сигурно ќе уживаа да не свиреше истовремено и оркестарот со лимени инструменти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Било вообичаено да се свири од ракопис, од кој немало достапни подготвени копии.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Како да знаел дека животот ќе го самува по планиње, па уште како дете научил да свири на кавал поубаво од секој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Електорот свирел виола и се чинело дека неговиот главен интерес била музиката.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Потоа ќе почнело да се збира народ и се чудел народот од кај свири гајда, оти Јоше бил скриен во гранките од тополата и меѓу нив се закрепувал за да не падне одозгора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вител од бесен ветер свири и им пустоши низ стомакот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па после ќе го натерал да му свири со гајдата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Научи да свири на пет музички инструменти, победи на неколку меѓународни натпревари од различни области, освои прво место на еден маратон и направи самостојна изложба на уметнички фотографии.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ут со очила свиреше на виолончело на еден цртеж.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Балалајките ги ставаа на газот и пак свиреа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе