свиткан прид.
свитка св.

свиткан (прид.)

Понекогаш знаеше вкусно да изненади со прекрасен балкон од црно железо и свиткани лаци кој, како на високата куќа отспротива, го врамуваше небото во мрежен дезен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од бина човек се стори свиткан прст.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јане се загледа во неговите дебели и свиткани веѓи, а тој, лекарот, го одвива завојот, се загледа во посекотината, со прстите го допре натеченото место од бутот и почувствува нешто тврдо. Многузначно климна со глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Набргу беше во состојба да препешачи три километри, измерени со чекори низ ќелијата, а неговите свиткани раменици стануваа сѐ поисправени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Свитканите како копачка раце ја пренесуваат во мали платнени торбичиња.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Свиткан на клопче, во полноќта, тој чувствуваше дека му е студено, а не беше во состојба да го подигне ќебето, паднато на земја и да се покрие.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во ранецот носев свиткани фармерки и блузи, шише за вода и по некоја книга.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Добрина: посака на едно девојченце што свиткано од студ поминуваше по улицата, излитеното џемперче да се претвори во убаво, топло зимско палто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Имитирајќи шимпанзо, професорот Оливер ја протна раката низ десната ногавица од своите прешироки пантолони и со изненадувачка вештина му мавна на професорот Роберт со непристојно свиткан среден прст.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А кучињата, штом ја видоа светлината пред колибата, со квичење, со свиткани опашки и страв што се гледаше во нивните движења, се привлекоа кон светлината и се сместија едно крај друго, пред стреата на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше пладне, летна жега, а јас седев во ладната соба на столот, свиткан во колената и со поднаведната глава, како пред судии и поротници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со растреперена рака посегнува во пазуварката и, кога ја отвори широката испечена и испукана дланка, жените видоа свиткано ливче хартија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Болат зглобовите, се грчат мускулите, прска свитканиот бамбус на 'рбетот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Свиткан, со забуцана брада во колениците, ни буден ни мртов, чувствував дека земјата лази под мене, тече и ја носи со себе топлината на луѓето и на огнот. Ако пуштев корен и самиот ќе се движев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Бојан ги спушти кучињата на земја, Караман навреден, со свиткана опашка се повлече до ѕидот и легна во сламата, а Стрела почна да скока и да ги опира своите предни нозе во градите на момченцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со косата раскубана, лицето подуено од плачење, целата свиткана, со неуредни алишта на себе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тогаш тој отстапи кон дрвјата, скимтејќи по белината, со свиткан опаш меѓу нозете; пред него, или пред денот, којзнае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе