свитка (ж.)
Замижувам: само уште три дена - си повторувам - а пред очите треперат шарени свитки - небаре калеидоскоп.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Генералот ја откопча кожната блуза, од внатрешниот џеб извади хартија свиткана на четири и рече: - Другар капетане ова е писмо до ќерка ми која живее во Атина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Јаболкницата од род се свиткала. Барем едно јаболче, мила на баба - ја кани, како дете да кани.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)