свиткува (несв.)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Отпрвин ги свиткува веѓите па подозриво се вгледува во мекото од очите на учителот и започнува да се насмевнува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Фаќајќи го, мачорот се превртуваше и се свиткуваше по тревникот заедно со глушецот, постојано држејќи го помеѓу муцката и шепите, како да беше неодмотано клопче преѓа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се свиткува в клопче и пушта отров што допира до мозокот. Тртката била такво едно место. - Абдалак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се свиткуваат главичките на маргаритките, болежливо се исправува тревата и уште недоисправена ја гнетат други нозе и копита и по нив други.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Е, ај, ќе молчам, му велам, ама подобро е да онемам. И се свиткувам пак да работам. Сама си зборувам, сама си слушам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе го одвикнеш ли пијаницата - и тој е готов, се свиткува. Слична работа беше и со Аритон Јаковлески.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Де им свиткувам цигарче на ранетите, де им подавам вода, де им ја поправам перницата или ги покривам, ги тешам, слушам што раскажуваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Јон го дочитува писмото, го свиткува и почнува да плаче. - Ебати поштите, вели и рони солзи, ебати поштите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Попушти конецот по рабовите и таа не се обиде да ги презашие, туку ги испра, ги исуши и свиткувајќи ги во неколку дипли, ги стави најдолу во големиот сандук.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„Каде е моето детенце?,“ вреска жената, а некој од веселата толпа која ужива во оваа претстава си ја соблекува кошулата, набрзина ја свиткува, и ѝ ја фрла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така е подобро другари, така е многу подобро“, додаде таа охрабрувачки додека Винстон, со жесток напор, за првпат во последните неколку години успеа да си ги допре ножните палци не свиткувајќи ги колената.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ханка насети движење во дворот, набрзина стана, се приближи до прозорецот и се насмевна кога виде дека стариот пес, што заеднички го хранеа со комшијата Боро Симески, уморен се прибира во дворот и се свиткува крај коренот на кајсијата за да ја мине ноќта.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Соколе се свиткува на столот, погледува загубено наоколу - сите знаат, но тој треба сепак нешто да одговори:
- Не си при себе денеска, - му вели на Боцета.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А бре, Кузе, знаеш ли ти, - се налути Нумо - дека јас немам 'рбет, ами стожер што не се свиткува?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И Земјата се свиткува, но таа од самата себеси, или од премногу силина.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Павле се свиткува до него. Иван ја дува свеќата.. .
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)