свршеник (м.)
Се морничавеле исплашени од многуте прикаски дека мечкиниот свршеник ќе почне да се дебели од женско месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слична е судбината на свршеникот со неговата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не пристигна свршеникот си мртов да го кити со росен погребен букет, бидејки не тажат во Река момите, па нити го видел тој срам овој свет!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Но, кога го видела колку е низок и малечок нејзиниот свршеник а таа висока и јадра, си рекла – сепак, сполај му на Господ, тоа ми била среќата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Нејзиниот нов свршеник, вдовец без деца, со среден живот и решен да се ожени во католичка црква, ја оставил да го чека пред олтарот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
— „За плач е час... Свршеникот непријател го уби трпејќи пораз во Стан.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И свршеник тука ним ќе им се смили.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
- Тој ѝ бил свршеник! Лаже таа. Ги носи дома таквите.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)