сенароден прид.

сенароден (прид.)

А Захаријадис од никого не спречуван крстареше од Атина до Солун убеден дека создава сенародно движење, најавувајќи на големите собири збратимување, јакнење на партиските редови и дисциплина, а ноќе дофрлуваше: „Ако продолжи десницата така, одново ќе загрмат пушките“.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Спикерот продолжуваше: – Другарки и другари, селанки и селани, младинки и младинци, ни претстои голема сенародна акција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како тежок железен чекан го удираа сега по глава особено последните зборови на Делчев: „Сенародното востание во 1903 ќе биде пребрзано...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)