сеќавање ср.

сеќавање (ср.)

Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас сум уверен дека ќе ви понудам појасна слика на настанот ако дозволите да го сторам тоа според дотокот на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ваквите недоразбирања ги поврзувам со различноста на сликите што ги носиме во нашите ковчези на сеќавањето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стравот и сомневањата се веќе мртви и само во сеќавањата ќе оставаат млака трага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Читајќи ја српската историја и српските песни ми останаа во сеќавање за цел живот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во посебно сеќавање ни остана на сите присутни амбасадори од стотина земји предавањето на тогашниот Претседател на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов и претседател во еден период на Генералното собрание на Обединетите нации. Го сметаа за еден од великаните на југословенската дипломатија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште повеќе, Бароуз тврди дека психоделичното доживување не е минливо искуство на измената состојба на свеста и дека бројни доживувања можат да се повикаат во сеќавањето многу подоцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ѓоа не знаат дека дождот е сеќавање на времињата кога имало сонце.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со страв очекуваното вжештување на жолтата боја во чиј сјај просто не можев да гледам стана сеќавање со самото тоа што тоа заслепување го очекував.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Види пак беља од Турчин, си рече во себе и ѝ се вратија во сеќавањето сите страшни слики од харемот на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сеќавањето на татковите книги го означуваше нашето патување и во животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оваа латинска изрека ми остана во сеќавање уште од гимназиските клупи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Или само напор да не го испуштам од своето сеќавање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пак легна и реши да не мисли повеќе на ништо. Вака простум да си лежи и да си ја залажува својата чувствителност со некоја песничка што му доаѓа сега во сеќавањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не требаше татко ми повеќе да длаби во сеќавањето за да дојде до нови докази дека некоја од пештерите во утробата на Калето ќе му биде гробница на Чанга со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Религијата е ризница од претстави настанати од потребата човечката беспомошност да се направи поднослива, создадени од материјалот на сеќавањата на нашето сопствено детство и детството на човечкиот род.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе