ситуација ж.

ситуација (ж.)

Ситуацијата ја спаси дебелиот офицер кој цело време седеше на креветот извален назад чиниш затоа што не може да стане.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Видов дека ситуацијата со ранетите е многу лоша. Приближно триесет многу тешко ранети. Условите многу примитивни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во таква ситуација се чини дека за американските претставници Балканот почнувал единствено надвор од балканските салони и шведски маси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ги споредив сите тие моменти со моменталната ситуација и сфатив дека настана од играчка плачка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но, веднаш забележав дека таксистот не се движи така како што е нормално, туку заобиколуваше низ разни улици и си помислив дека ја користи ситуацијата дека не сме тукашни па нѐ вози по заобиколен пат за да може да земе повеќе франци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да се гневни на тебе за нешта кои ги створила самата ситуација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа доведува до ситуација исполнета со црна иронија, бидејќи пациентот често игра улога на психотичен или се преправа дека тоа го прави.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оваа ситуација на невозможност да го измениме меѓусебниот однос ме исцрпува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За жал во целата таа ситуација постојано се провлекуваше најголемиот порок на моето постоење, а тоа е немањето пари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Метеоролозите секојдневно предвидуваат дека ситуацијата набргу ќе се подобри.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во ситуации во кои настојуваме да го задржиме достоинството, кога не можеме повеќе да живееме од милостината на другите, доживуваме жежок шамар на ненадејно просветлување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Авторот разликува секојдневни и гранични ситуации на инкомпатибилност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И директивите што стигнуваа од Федерацијата бараа да се смири ситуацијата, да не се предизвикуваат масите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вистинскиот ризик во целата ситуација е земјата да не стане заложник на познатите егоцентрични етнички програми што отсекогаш ги играле политичките лидери на земјата“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа ќе создаде гротескни ситуации, кога неговите потенцијални наследници ќе учествуваат во невидени сцени на еден театар на апсурдот во играта со немоќниот владетел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако не успеат да го извлечат од нездравата ситуација, патат повеќе од најблиските му роднини.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Најмалку заинтерсирани за тоа биле гемиџиите, кои сметале дека секој инцидент или заострување на ситуацијата во Солун можел штетно да се одрази, односно делумно да го провали нивниот план за акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од друга страна, во тој ред на мисли го расколебуваше ситуацијата дека во државата имаше повеќе републики и ништо оттука не беше јасно!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оти, токму од тој ограничен перспективен агол на човековите инстиктивни воени дела, токму од аголот на тие инстиктивно артикулирани настани и ситуации за време на патувањето, низ тие доживувања на јунаците од ова дело, низ резонансите кои ликовите ги рефлектираат без да се свесни за тоа, авторот ќе успее да отслика една цела епопеја на бедотија на Балканските војни...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе