скала ж.
скалапи св.

скала (ж.)

Брзо се искачував по скалите до станот во кој живееше сестра ми со своето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме охрабрува само еден страк трева што се подава од една пукнатинка меѓу поплочената патека пред скалите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја извадив некако од креветчето и влечејќи ја под мишка трчав со неа пак по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Го знаев напамет ходникот и мајсторот за варосување кој влечкаше дебела скала.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Од четвртиот кат има тесни дрвени скали кои водат до таванскиот дел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ќе ја фрлев чантата и со трчање ќе слетав назад по скалите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Милиционерот назадгазум влезе во мракот под скалата каде што имаше врата чии праг беше на повеќе од половина метар над рамништето на ходникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во меѓувреме на скалите се појави жена му со запалена борина в раце, таму подзастана чувајќи го пламенот од ветерот и кога го смири, ја крена борината над глава да види што станува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го закрева настрана фустанот и се качува по скалите низ ќепеникот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Големи и црни беа пампурите и ни рекоа таму да одиме и одевме и се качувавме по тесни скали врзани за пампурите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ќе се искачиш по тие скали има мала врата која води до моето купатило и уште една врата за мојата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Секавично му помина низ главата помислата дека човеков или е влечен по скалите надолу или просто е турнат со што бил докусурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кантата се плисна на нас и се истркала по скалите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бевме во дворот тргнати да се качиме по скалите нагоре.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Влезниот ходник не беше послан туку беше гола земја врз којашто право кон катот се креваа дрвените скали со подјадени скалила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја наместив скалата нагоре и се качив на првата гредичка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама враќањето излегува на друго. Како да се искачувам по некои скали и скалите ме искачуваат повисоко од земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас со пиштење му се откинувам и се измолкнувам надвор. И ноќта пак ќе ја преседам на скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Двајцата покажуваа нешто по должината на брегот, се вртеа повремено кон Тврдината, потоа слегоа по скалите до зајадливите бранчиња на реката што удираа на бетонот, едниот клекна и ја пикна раката во водата, си ја накваси до над глуждот и со дланката си помина по челото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе