скамени св.

скамени (св.)

Но сега, како што можеш да видиш со свои очи, во црните мрежи на сопствената магија се загубија и тие, ќе ги скаменам да ги нема засекогаш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се скаменив од црниот ѓердан на зборови од мермерниот споменик...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сѐ околу нив се скамени за миг.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се скаменил гласот на девојките со боски в раце Што се капеа во реката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како и сѐ друго – и зборот твој во мене се раѓаше И како се обидов да го изговорам твоето име Така гласот ми се скамени на усните.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Не приоѓајте му, Оставете го. Три жени со бели шамии околу главите Му претскажуваат, црвена жед од која ќе изгори земјата и дека низ провалиите на исушени мориња со векови надоаѓаат заточеници да го видат како се скаменил чекајќи ја да мине девојката на залез сонцето што ја оплоди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Паркиравме скраја од патот и скаменивме чекор пред високата бодликава жица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Белата морница на страот се обидуваше да го скамени, но тој се отскубна од неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогаш, по многу векови и студ, заедно ќе се скаменат мушичката и смолата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
До колку вака изѕемнети, оклапушени, полежеа на суровиот мраз уште само полчас, превезот можеше да се претвори во модра коруба што ќе ги скамени за навек.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И не знам зошто, ама некоја грутка ми го стегна грлото, градите ми се скаменија од јад и некоја мака, некој голем с`клет ме фати по тие наши пусти и крвави планини...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ѕид - студен и сив како есен; во напукнатиот ќош, среде танки нишки на заплеткана пајажина, се скаменил црн, влакнест пајак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можеше да се прибере во онаа своја колната притаеност за ништо на светот, не сакаше да се скамни пак во таа подлипната замолченост, бидејќи тоа сега би значело уште едно умирање во тој ужасен студ и во таа сивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тоа што не беше од камен – се скамени Та народот на крст ја преноќи ноќта Слушајќи како пеат светците темно како пред погуба: - Тој што ќе го прескочи Светото дрво Ќе управува само со ѕвездите И пусто ќе биде никој ако не го прескочи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Беше едно тешко чувство, една растргана тишина, од која нему устата сама му се искривуваше, не знаејќи дали да се посмее, или пак да се скамени во тој грч што одбива.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неда е скаменета од сечилото на камата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога влезе во ’ржјата, се скамени од чудо!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе