скара ж.
скара св.

скара (св.)

Еднаш беше ги скарал неколку деца што биле собрани онде на крај селоно под едно дрво јаворово.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мислиш скарано е со плениците и не сака ништо да има со нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И не ти носи душата и со него да се скараш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Момите се скараа која повеќе да собере од парите, а деверите се провреа меѓу нив и стигнаа до средната врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако некои се скарале попот треба да ги мири.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тогаш и јас многу се уплашив. Си велам: сега и попот е скаран со бога и никој никому не му верува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој со сѐ е скаран, а ти го тераш да биде скаут.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко скарана да сум со него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што не се скара со деда му ако тој не е јатак!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Суз, бре, ќепазе, не сакам од тебе акал, - го пресече како со нож башмајсторот и му се скара дека ќе го испрати веднаш в село, ако проговори само уште еден збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Скарана сум со тоа, што се вели, уште на првото ќе ме фатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ајде... Нагло го пресече сега примашот и му се скара што уште не станува да ја исполни порачката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше едни задригази жени, скарани со секоја идеологија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се скара со селските комунисти околу демократијата, дали е тоа бескрајна цел или орудие за стабилизазија на човековата свест, ги испцу и им рече дека се улави.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќофтиња од кал Тоа утро Дора и Ане се скараа. Додека правеа ќофтиња од кал, Ане го побара лончето и сакаше да си го носи дома.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе го стореа тоа, но навреме забрза дедо Геро и ги скара.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- И како напиша господ само за мене така, велам, и како напиша и скарани да се разделиме со Јона?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе