склопи св.

склопи (св.)

Тој одново усети дека се лулее на езерски бранови и клепките му се склопија, тешки како налеани со олово.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пеел со склопени очи и поднаведнат како во зазор што им го одзема времето на богатите, на умните и на покорисните од песнопојците зашто можеле да разговараат за свои работи, за политиката на европските земји кон Турција, за ловот и за коњите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ми го зедоа човекот цела ноќ не мигнав. Око со око не можам да ставам, да склопам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќта око не склопивме. Чекавме да дојдат по татко ми и постарите браќа. Но никој не дојде.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ранетиот се потпре на ѕидот од воденицата и уморно ги склопи очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги склопи очите во исчекување и се изненади од нејзината пријатна мекота.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се наведна и ги склопи очите. Не опцу и не воздивна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Цела ноќ се превртував и станав доцна, а око не склопив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Брод! Се спушти на јарболот и ги склопи уморните крила.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас дремев крај нозете на Ели до утрото. Вера не склопи око.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ги склопи - во сонот ќе ми блеснеш ти сред тишината, во сиот сјај што целата ме опи, ко оние што блесна дни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Водата се склопи над нив.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Таа ноќ Џивџик беше тажен. Не можеше ни око да склопи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И кога таа, сосем скапната, безнадежно ги склопи крилјата, простувајќи се со животот, тажна дека не ќе може да го види своето родно гнездо и да ја сети пролетната радост на децата, одеднаш забележа на темната плоча од морето некаква светла точка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Камилски не склопи око ниту за миг од претпоследната ноќ од својот престој во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Око да не можам да склопам, да одморам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молечвме - тој со склопени очи и забуцани прсти в коса, јас - претпазлив и бессилен да говорам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе