склопува несв.
склопување ср.

склопува (несв.)

А и ние знаевме, таа око не склопуваше додека зрачеше жолтата ламба од татковата соба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зато треба да се склопува со разум и одговорност, а не со некакви младешки чувства и соништа кои немат врска со реалноста.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И недадејно, додека лежи и ги гледа сенките на луѓето од својата солунска паства, кои со денови и ноќи во кои тој око не склопува, еден по еден, поминуваат покрај неговата постела, и можеби зашто е тифусар, само фрлаат поглед и го одминуваат, не одговарајќи на поздравите што тој непрекинато им ги упатува кимнувајќи им, најнапред со глава, потем само со уморните очи, на сите, без оглед на возраста и на статусот: на членовите на советот, почитуваните рабини, солунските амали, манави, ситни дуќанџии, продавачи на риба, мислители, лекари, интелектуалци, новинари, хакхами и шамаши, кошер-касапи и хазани, продавачи на благословено вино, читачи на респонси, и сите, илјадници и илјадници, поставувачи на едно исто, немо прашање...  Главниот рабин не сака повеќе да ги гледа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Всушност, помина многу време додека почнаа да се мешаат со местното население, едни со други да склопуваат бракови.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме. На пример Сашо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не. Ќе одговори со визит-карта. Жената помирливо склопува раце, собира раменици.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Крилата ѝ се заморија, очите ѝ се склопуваа желни за сон, но длабоко под неа беше море, над неа небо и немаше каде да почине.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Малиот Бајко небаре стануваше негова ѕвезда вечерница тогаш, и Петре, слушајќи го неговото благо дишење и поткревање на чаршавчето, ги склопуваше очите смирен, најпосле излезен на пронајдениот пат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Клошар сум, без скапан денар. Сѐ што заработувам, оди за кирија и сметки. Одвај склопувам за цигари и кафе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тогаш дојде со големи чекори од зад куќата див човек а со шепа држеше шепа на голо, збрчкано, пискотливо чудо: ситно и бушаво старче на долги гаќи, босо и со раменици на кои не можеше да се потпре ни петгодишно дете: на изгребаното лице со ретка брада подзинуваше и се склопуваше на рибји начин празна уста. Падна на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Атмосферата беше опуштена, нормална. Се зборуваше за бракот, што е брак, што тоа значи, зошто е потребен, како се склопува, што е подобро: брак од интерес, со стројници или како што сега сѐ повеќе прават младите: од љубов.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Надежта твоја почна мозаикот да го склопува, телото од пропаст сака да го сочува.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Почнаа да се склопуваат сите коцки за наредниот период во кој требаше да се случат нови нешта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Телото е нешто друго. Меморија. Можеби се двоуми, но и покрај сѐ го вади клучот. Го склопува окцето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
(Собата. Попладне. Борис чита весници. Мира пишува. Пауза. Борис ги склопува весниците. Пауза. Зема книга. Почнува да ја чита. Ја остава. Пауза. Гледа во Мира. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)