скриен (прид.)

Пишувам скриен во горната соба, зад ковчезите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку му треба за да види се што има во најмалата, најнепознатата, најскриената државичка на светот, чудната земја Дардаванија.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Постоеја пространи простории во кои се складираа исправените документи и скриените печки во кои беа уништувани оригиналните примероци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се престорува ова небо камен И скриени во него ќе останат очите што сонуваа да го надвишиш!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се вгледуваше во минатоста и го бараше таму скриениот дел од својата одговорност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бордо и црн плашт пред очи. Под нив човек скриен, во него врие.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Потоа ќе почнело да се збира народ и се чудел народот од кај свири гајда, оти Јоше бил скриен во гранките од тополата и меѓу нив се закрепувал за да не падне одозгора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го најдовме скриеното злато. Сега можеме и да се венчаме. - Можеме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За нас е неподносливо да знаеме дека некаде во светот постои некоја погрешна мисла, колку да е скриена и неважна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колкупати сум плачела од бес кога ќе се вратам од школо и кога ќе видам дека во мое отсуство ми зел гумичка, или ми украл некоја скриена мастика.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа кога беше дома, седеше крај баба си, а кога ќе одеше со волови, стануваше рано пред сите и се губеше од окото на секој човек пасејќи ги воловите по падини скриени во орманите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Многу луѓе останале скриени во своите домови надевајќи се дека лошото ќе помине, дека вулканот ќе запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сето ова е обединето во козарска алегорија, чијашто библиска едноставност не ги засенува скриените значења.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Прекина, запали цигара, испушти сивкаст чад низ нос и продолжи: - Значи живи цели кои можат да бидат откриени, цели кои можат да бидат покриени, значи лажно скриени, подвижни или одеднаш ќе се појават.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој тоа го прави со скриени намери во кои изненадувањето е проникливиот миг на раѓањето.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Повеќе