слабо (прил.)

Русата коса ѝ паѓаше по рамената покриени со сивкаста карирана кошула, а лицето ѝ беше ишарано со црвени пеги, кои можеа да се видат дури и во слабо осветлената малечка бина на Златно славејче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да споменеме уште, Stelarc врз основа на своето усмерување во перформансот развива и вистинска философија на технолошки модифицираното човечко тело: „Телото изразува недостаток на модуларен дизајн и неговиот премногу активен имунолошки систем ја отежнува размената на органи коишто слабо функционираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Им реков: Слаб сум и за кајче од лушпа на лешник.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се врати внатре да си ги земе очилата, зашто веќе беше стар и без очила слабо гледаше, па излезе надвор на светлост и ја прочита пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тие откриле дека сепак можат да го претскажат статистичкото поведение на системот сѐ додека неговите делови се идентични а нивното заемодејство е слабо.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа објава, според традиционалната мистика, долго време остана скриена под велот на заборавените јазици - во египетските хиероглифи, меѓу келтските руна, во пергаментите на слабо познатите религии на Азија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Зимата се погоди долга и сурова. Тутунот слабо се плати. Детето му се поболи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој извонреден јазик не постојат, значи, само зборови кои кажуваат како „јако“ така и „слабо“, или како „наредување“ така и „потчинување“; постојат и композитуми како на пример „стармал“, „далекублиз“, „врзувараздвојува“, „надворвнатре“..., кои - наспроти нивниот склоп кој во себе го вклучува она што е најразлично - значат само, во првиот пример „млад“, во вториот само „близу“, во третиот само „врзува“, во четвртиот само „внатре“...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во рамките на лингвистиката подрачјава се слабо проучувани.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Седнавме под кралскиот бронзен јавач, запаливме една цигара и пушејќи сите од неа го гледавме слабо осветлениот плоштад по кој врвеа минувачи и трепетливи сенки и ту луѓето во сенките се заплеткуваа, ту тие во луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секоја сила што ја контролира екваторијална Африка, или земјите на Блискиот Исток, или јужна Индија, или Индонезискиот Архипелаг, располага исто така и со телата на десетици и стотици милиони слабо платени и вредни кулии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Летово пак ни живна мочуриштево. Тактиката на вилинско коњче против монструозно намножените жаби слабо успева.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Ти си слабо облечена, - ми зборуваше таа, прегрнувајќи ме преку рамото, како да сакаше да ме стопли.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
(Ibid.,стр. 15): „Бидејќи поимот за јако не би можел да се конципира, освен во спротивставување со слабо, тогаш зборот кој кажува „јако“ содржи, едновремено, сеќавање на „слабо“, благодарение на што поимот токму почнува да постои.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Просторот е слабо осветлен. Од краткиот влезен ходник кој минува крај бањата нивниот кревет не се гледа, но телевизорот е вклучен, со придушен звук.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Суштеството беше слабо, испиено од неможноста духовно да се развива, изнемоштено од притисокот на лошите етикети, себеосудувањата, кои што преставуваа пречки за растеж.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како да растеше во телото, па и во главата, ама во умот слабо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повторно седнува свртена кон мене. – Зошто не се облечеш – гласот ми звучи придушено, слабо.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе