слисти (св.)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оние што му останаа, а лесно можеше да ги слисти и нив, им ги раздели на Кротка и Стрела.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)