слушател м.
слушателка ж.

слушател (м.)

Зјапаа во пијан пајтонџија а тој се мачеше да му докаже на некој невидлив слушател дека автомобилот е најголемо зло за човекот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Спотовите се емитуваат во блокови што соодветствуваат на рецептивната способност на слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше време за една странска радио-емисија наменета за слушателите од нашата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Чудовиштето се доближува, козичката се исправи гордо со роговите, ќе се бори во името на сиот козји род, во името на овие кутри козари слушатели на чело со Чанга, подобро да се бори отколку да ја изгуби слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше среќен што пораките на неговите книги, собирани цел живот, сега добиваа нови читатели – слушатели меѓу козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се обидував да се извлечам од улогата на совршен слушател и на нешто да помислам: излезе дека тоа беше часот по психопатологија на којшто, за алергијата на полен, ние, студентите, требаше да пронајдеме дефиниција.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Слушателите не поверуваа во мојот занес, во мојата предаденост на материјалот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Голдштајн го изговараше својот вообичаен отровен напад врз доктрините на Партијата - напад толку изнасилен и перверзен, што дури и дете можеше да го проѕре, а сепак доволно веројатен за да го исполни слушателот со неспокојно чувство дека другите луѓе, на пониско ниво од него самиот, би можеле да му поверуваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ретко или речиси воопшто не се појавуваше на екранот, но затоа ушите на слушателите гледачи, речиси, веднаш ја препознаваа милозвучноста врзана за репортажата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А и да се пофали некој меѓу вас дека бил на летување во тоа и тоа село, тоа „не пали“, не предизвикува таков восхит кај слушателот како ако се рече дека некој бил на Родос, Крф, Палма де Мајорка!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Активното учество во дијалогот најчесто го разбираме како докажување на нашата „вистина“ на слушателот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Водителите не се збунија, веднаш се јавија кај друг слушател.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Издвоен од слушателите на преносот, мирно гледаше низ излогот од кафеаната кон улицата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Слушателите околу него се кикотат и шепотат нешто младичко. Пламнува и се исправа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Запаѓаше во глумен транс кој сакаше да го пренесе и на осудените слушатели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе