слуша (несв.)

Имаше села, цели краишта само со наши луѓе и не сакаат да слушаат на грчки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе направеше мала починка и ќе нѐ праша дали слушаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поодувам меѓу луѓето и слушам некои зборови и како познати и како непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето ми зборуваат нешто, сакаат на друго да ми го тргнат умот, ама јас сум оглувела, никого не слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Застана да ме слуша, вртејќи со палците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Идат луѓето да нѐ слушаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тргнав да се качувам на бината, народот веќе ракоплеска, а од зад мене иде некој глас, сѐ појасно го слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го слушаме офкањето, завивањето на луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секое сабајле станувавме во шест часот, се строевме по височина, го кревавме знамето и ги слушавме најновите вести.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не можев да ги слушам тие глупости.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како може, слушав како мрморат за мене, да седи цел ден и цела ноќ над машина!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чекоревме натаму кон следниот поход слушавме гласови во наша близина суровите проклетници печеа срна и дрмаа шишиња со ракии и вина
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Пискање на десетици луѓе се слушаше од сите страни.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Полегнуваа житата и сѐ што ќе потераше потеруваше невесело и болно Ние лежевме прегрнувајќи ја земјата зашто само таа може да нѐ спаси И слушавме како кон нејзиното убаво време и по патиштата шетаат црквени ѕвона.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Народот е ослепен и оглувен од страв и треба да му се каже кон кај треба да гледа и што треба да слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По патот јас му зборував за тоа дека Земанек е сосема изменет и дека живее со друга жена; мислам дека воопшто не ме слушаше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе