смачкан прид.

смачкан (прид.)

Веројатно сакаше да му изгледам како смачкан домат помеѓу него и таванот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Така велел талмудот, сетики за луѓето кои пред да бидат смачкани не цутеле како цреши.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Јадрата рака ги граба мушичките и на дланката остануваат нивните смачкани тела.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па и оние остатоци: претрупените раце и нозе, завлечканите и смачкани трупови, истурената крв во тревата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше снизок, со смачкан, одамна износен качкет и со шарена, очигледно за туѓ грб шиена кошула.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Две жени, една постара и една помлада, убаво облечени, беа целите престрашени, вознемирени, со од земја раскашавени ракавици, фустани и паднати смачкани шапки, од кои помладата викаше од силни болки, а постарата забрзано зборуваше со повишен тон бришејќи ја земјата од ракавите, жалејќи се за невниманието на шоферот на тие нови превозни средства, кои се можеби брзи, ама и многу опасни и затоа сосема непотребни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Верка веќе заспала. Корилче го отвора долапот и вади отаде смачкан фес и книжна маска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во зоолошката градина, недалеку од тревното царство на пауните, од студентските дни Pavo kristatus, најдоа свој човек со смачкана глава. Без докази.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како она, кога баба ми Со еден замав на лопатката од пластика Ќе извезеше црвеникава шара од смачкана мува На бело варосаниот ѕид
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Пред гаражата СТОЈАДИН со смачкана лева предница и скршено предно стакло.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кловнот се врти и изненадено гледа во лилјачките уши, во стаклените очи, во боксерски смачканиот нос.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)