снајде (св.)
Несреќата што го снајде градот се расчу низ целата земја.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Неделата би најубав ден Зашто тој ден Бог си починуваше и гледаше Народот како се крие зад стеблата Плашејќи се казна да не го снајде нова И да не заврни пепел од пеколот и снегот да не се стопи Та нов потоп да го снајде.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Луѓе, вие што доаѓате да ги починете очите во мојот костур ме снашла старост и сув јас веќе го веднам својот грб кон посницава.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Верувам дека ќе можеш сама да се снајдеш во куќава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ете сега и тоа чудо ме снајде.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Политичарите за кои редовно гласаше не умееја да се снајдат во апсурдноста на чудовиштето кое половина беше мир, а половина војна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Некои беа нестрпливи и сакаа да одат да ја земат камбаната уште истата вечер, ама постарите ги искараа, рекоа оти таа работа не е за по ноќе кога луѓето може некаква беља да ги снајде и, не дај Боже, и камбаната да ја загубиме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ми се снајдоа добри комшии.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не сакаше да ја снајде судбината на несреќниот Караман.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Зарем не сфати дека знам сосема малку за незгодата што го снајде Иван?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А можеби и да не можеше да се снајде. Не се знае.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Оти не знаат дека кај Танаско и Пена се оди од левата страна по самиот стрм брег што не пружа голема сигурност, тие влегуваат во разејнатата уста и долго не можат да се снајдат во темницата, тропајќи на случајно надрабаните врати или на оние што ги откриваше некоја слаба светлинка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Затоа самоутешно, како тоа да беше моја грижа, поверував дека тој е единствениот човек на кого што овде, во оваа осама во којашто судбината ме има оставено, можам да се надевам дека ќе се снајде.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Јас некако се снајдов и полесно поминав, а и повеќе спечалив.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во прво време капетанот и посадата не можеле да се снајдат, но брзо се прибрале.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Брат ми Јане бетер е од тебе, сѐ уште спие, којзнае кога ноќеска се вратил, а мене ме мрзеше да одам да купувам, па сега ... ама, ај не е важно, дојди во кујната и сама снајди се.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)