снима (несв.)

Во текот на летото ќе се снимаше целата документација на изградбата, а по потреба на етапите во градењето ќе се продолжи и вон сезоната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега мене во овој мој посмртен живот можеби ми претстои да гледам токму еден таков филм сниман и премонтиран од сликичките на целиот мој животен живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вистинските пирати отпосле дознале дека се изгубиле во жанрот - документарни филмови тогаш се снимаа само за славни научници и за разни светски, а не за бродски арамии со монокли на очите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Американците за разлика од нивните имењаци со предзнак јужно не се заебаваат со овие работи и нѐ снимаат со драмска секција од осмо-Б плус надежни манекенки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Потем доаѓале продуцентите од Холивуд и тука ги снимале филмовите за Дејвид Крокет и пиратите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Подоцна Александра му кажа дека на тоа инсистирал претседателот на општината, заради поголем пропаганден ефект – глупаво би било да снимаат во некое местенце што го нема на картата на Европа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А се сеќавам на своите почетоци пред години, кога го снимав младиот Минхен Муаремов, во розов фустан и црна перика на главата, како рецитира една стихотворба што тогаш ја смисливме и ја крстивме „Песна за Холивуд“...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Оние две слики баба ми ги добила од некој новинар, кој специјално се искачил да ги снима ученичките во акција - пошумување на голините на Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Филмот што Вендерс го снимал како возач, ја добива Златната палма во Кан 1984 година, наградата на Британската академија за филм Бафта за 1984 година и многу други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Главниот инженер, проектант на објектот, наведнат над своите планови како над кори од зелник под сукалото на голите раце, кои не ги разбираше никој жив не од градилиштето туку ни од штабот, со својата глувчеста муцка и проретчено теме - по ништо не беше фотогеничен, а и никој не инсистираше да го снима.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пожелно е да биде присутен кога се снима, но може сето тоа да го види и на монтажа кога ќе се развие филмот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Хичкок: „Додека ја снимав Дамата што исчезнува примив телеграма од Селзник кој бараше да дојдам во Холивуд и да снимам филм инспириран од бродоломот на Титаник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа пред сѐ е првиот Ворхолов филм кој во целост е сниман со подвижна камера (ако ги изоставиме ретките зумови и движења во Vinyl и Space); парадоксално, Ворхол којшто упорно ги одбивал предлозите на своите соработници фиксираната камера да ја помести макар за милиметар, тоа обилно го правел во Nedy, кадешто самиот ја врши функцијата снимател.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едната камера ја снима статијата што се чита, а другата го снима погледот на испитаникот, т.е. каде му е насочено вниманието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше многу магловито утро кога почнавме да го снимаме филмот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А тој кружи. Виси над ридовите и шумите и нови кругови врти, гледа од високото, јавува и снима.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Патував во земјата, слушав, посетував цркви и манастири, куќи со подруми и тавани со оставени книги и снимав песни и од нив објавив еден избор под наслов Темни кажувања.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го забележав неговиот израз на лицето, знаев дека е среќен што ме гледа. Постојано ме снимаше со апаратот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сето тоа го снимаа телевизиските камери, а ние овде гледавме директен пренос спрема кој очигледно некоја банда одметници, разбојници и терористи напаѓаа голораки деца, жени и старци што сите се згрозувавме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе