сноп (м.)
Утре ќе видиме дека сеното ни е разнесено, плодовите се соборени, снопјето разнесени...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се виде зошто го прави тоа дури ноќта спроти Илинден кога снопот почна да гори оној час кога камбаната го објави почетокот на востанието.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На пример уште кога се разбра дека народот треба да се готви за востание, тој стави над својата воденица едно високо дрво и на него сноп слама.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Побара со поглед излез и виде мрак прострелан со два бели снопа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако човек не знае чија е нивата, се чуди и се дума како одат оние снопови сами и сами се прават капици.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од срецелото натаму на југ патот одново го поприма својот поранешен изглед, повторно станува широк колку да можат да се разминат две воловски коли натоварени со снопје или со сено, или булук овци, кревајќи по себе пепелници.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тебе ќе те слуша агата оти ти биле мали снопјето!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Некогаш ни се јавува и небаре запален сноп пченица што се шета низ шумата, ама не ја гори.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Татар е на пустата работа! Кога ќе му крене жената некој сноп, ќе го снема под него и само гледаш снопот сам бега преку нива.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе се овршат и ќе се мери житото, та ќе се најде средниот принос од сноп.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Езерото се бранува во сини и црни маси со бели шамичиња од пена. По него се точи снопот на зајдисонцето со запалени класје.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Тој ќе запаѓа, а снопот куршуми повторно ќе го крене и ќе го врати.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во моето село пак гумно се гласи, на небото горе пак солнцето пече, во селото мое пак снопје се носат, пак жито се врши и потта пак тече...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Тоа е позната стара работа превркнам — препукнам прегач — особена унечка со телови прегос — денот после венчањето кога се пие блага ракија предотина — прежда преѕалувам — претерувам во нешто пресек —ѓутуре (спаилакот се зема ѓутуре без да се бројат снопјето) прид — пари за невестата без кои во Мариово не ја даваат родителите девојката прикрепник — мажот ми (мојот прикрепник) принова — новородено дете припрто — кусо време проведи ме (од кучката) — одбрани ме провирач — камен со дупка преку која се провираат болни и бездетни жени проводија — подарок во пари на невеста и мало дете пролетнина — пролетни посеви промрткам — не се согласувам, си пишманам проскомидија — дел од црквената литургија прочврча (сланината) — се испржи пцалт — црквен пеач пувка — врста печурка, габа која е мека и пувка кога ќе ја стегнеш со прстите пупулче — младо девојче, пупуљак пупурник — кржлаво дете, рахитично пурде — име на машко дете дури да го крстат пуст — ничии, без стопан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе вртиш цел ден околу стожерот, ќе цапаш низ населените снопје дури да го истресиш зрното, да ја изџвакаш сламата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Богдан ги врзува снопјето со 'ржаница, ги реди на крсници и со ракавите ја бриши потта од челото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Под снопот свежи зраци што паѓаше низ отворчето на облачницата, една бела мечка си ги чешлаше своите младенчиња.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Горе, на свијокот: се проби во шумата сноп светлина од фарот на камионот предводник на колоната.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)