соба (ж.)

Нѐ напикаа во една соба: да нема место да се протегнеш, ногата да си ја исправиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ од некои други соби да ми иде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се враќам дома и гледам полна соба уплашени луѓе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Со благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Пишувам скриен во горната соба, зад ковчезите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа беше во северната соба, во мразарницата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Престанав затоа што кога бев пред свршување се сетив дека жена ми е во соседната соба поради што посилна беше мојата желба да одам да видам што прави таа одошто да се предадам на таа свињарија на која речиси ѝ бев подаден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зраците на изгревот удираа во неа и трептежот на нејзиниот полн сјај продираше во собата меко и пријатно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Утрото, кога тој замина на работа, влегов во неговата соба и брзо ја барав сликата на мама со очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во подобро осветлената дневна соба тој забележа со изненадување дека во брчките на нејзиното лице навистина има прав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се зачудив, бидејќи бев сигурна дека не можеше да ме види зад пердето и влегов во другата соба.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа богословот го покри парчето небо со своите раменици и во собата легна непријатен мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Куќата беше на два спрата со големи пространи соби и чисти подови од даски.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Шарениот палјачо седеше во аголот на собата и гледаше во празнината на својата нога.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред отворената врата од собата постојано ми се пресенуваат носилки со нови раненици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Всушност некои прсти ме имаа фатено за рамото и ме туркаа кон собата во која ти го беше поминала сосема сама поголемиот дел од твојата последна ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одев несигурно по тротоарот и требаше, најбрзо што можев, да земам соба во хотел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Излезе наврапито од својата хотелска соба и со празното куферче слезе да појадува.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе