собирање ср.

собирање (ср.)

Шетањето по шуми и собирањето печурки во ладно есенско утро, може да биде многу досадно, посебно ако не најдете ништо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Погледнав низ прозорецот и видов една група мажи пред куќа, застанале, очигледно да ме викнат и мене, или барем да ме известат за собирањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Венчиња мраз ќе им се фаќаат околу колената и прстите, но тие не запираат со собирањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му стануваше јасно дека тоа не беше вообичаена пасија за собирање книги или поштенски марки, дури и играње покер, туку се работеше за возвишена цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нивниот интерес, пред сѐ, бил насочен кон собирање информации од разни извори, главно на изјавите на македонските политички и воени лидери во однос на делот на Македонија под Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа, ве молам, веднаш да се превзеде акција низ селово за собирање опинци и чорапи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Подоцна кога дојдов во Маказар, кога се вратив за стално, веќе тропаа кофите и местото кај бунарот беше станало едно место за собирање навечер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа ќе биде место за собирање навечер, за средби и разговори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали си мераклија на собирање печурки, шумски јагоди и боровинки? А можеби си и неустрашив ловџија на кој му дошло преку глаа од тепање зајци, еребици и препелици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ова претпоставува слобода на говор и собирање, слободен печат, како и право на слободно учество во јавните дебати и донесувањето на одлуки.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ете тогаш беше кога ми е даден ферман за градење на црквата и друг ферман за да се нареди да нема неправда при собирањето на џизието...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според планот за изведување на акцијата се предвидувало: формирање на Главен штаб, да се изврши извидување и собирање на сите релевантни информации, да се пристапи кон обука на сите лица предвидени за акцијата и „истражување на активностите и процената на можностите за кооперација со другите герилски групи во областа“. 63
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Акцијата се однесуваше на собирање на пченката за да не ја покријат снеговите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој го навредуваше Големиот Брат, ја осудуваше диктатурата на Партијата, бараше веднаш да се заклучи мир со Евразија, се залагаше за слобода на говорот, слобода на печатот, слобода на собирањето, слобода на мислењето, хистерично викаше дека револуцијата била изневерена - и сето тоа во еден брз и многу сложен говор, кој беше еден вид пародија на вообичаениот стил на ораторите на Партијата, па дури содржеше зборови од новоговорот: повеќе новоговорни зборови, всушност отколку што кој било член на Партијата нормално би ги употребил во стварниот живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или во друштво на Јована Акиноски акаше низ ливаѓето, низ мртвиците, низ бавчите и му помагаше во собирањето бубачки, жаби и тревишта. Или пладнувше покрај изворите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бидејќи преку денот се исцрпуваше со собирањето камења, со правењето кал и со ѕидањето, а притоа наутро стануваше уште в зори, очекував навечер да си легне рано.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Целта на сите овие ритуали, конвенции, маскирања, собирања, системи од правила и приоди, е еден од парадоксите што самиот живот го воздигнуваат до уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе