согледување ср.

согледување (ср.)

Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сѐ што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој спонтано учествува во заедничките начини на согледувањето и просудувањето на нештата, неговата личност на почетокот не се разликува од колективната личност од која му придоаѓаат основните поими и, едновремено, зборовите со кои ги изразува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Согледувањето на самиот себеси низ времињата кои минале, но и низ оние кои допрва ќе дојдат, не е одлачено од стравот кој самиот себеси се тегне низ стиховите како товар и како сенка.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Антрополозите- истражувачи коишто живеат на реката Дањак на Борнео или меѓу Курдите во Курдистан ѝ праќаа груби и граматички збркани извештаи за своите согледувања, а таа тогаш брзо ги прилагодуваше за популарна употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во нашето општество, оние кои најдобро знаат што се случува, се исто така и оние кои се најдалеку од согледувањето на светот таков каков што е.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Моите сопствени истражувања на деструкцијата во голема мера ги потврдуваат согледувањата на Лифтон и Бетелхајм.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како основа за дискусија послужило согледувањето дека Балканот по војната ќе игра важна улога во секој мировен договор на европскиот континент.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, преку согледување на тоа што разговорот не е, излегува дека не- разговорот не е тишина туку попрво не- говорење заедно, еден асоцијални или антисоцијален однос.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А, со нашите цврсти темели, со доблесноста, самоконтролата, разумноста во согледување на вистинската реалност, сегашната состојба и сегашните дела создаваме духовен капацитет за исполнување на човечкото срце и сила да се надвладеат празнотијата, мачината, тешкотијата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Исто така настана од Борхесовото согледување на сопствениот живот како живот во кој немало никаква драма вредна за бележење или коментирање, барем не за потребите на прозата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, забележете дека почетната точка на научното објаснување беше потполно неочекуваното и навидум неверојатното согледување дека со спојување на два прилично активни гаса можеме да формираме течност и тоа таква течност чии особини радикално се разликуваат од својствата на нејзините составни делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
164 Според наше согледување, Георги Пирински ги има предвид акциите на силите на НОВ и ПО на Македонија при нападот на Едеса и бугарското вклучување во борбите против фашистичките окупатори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)