соочи св.

соочи (св.)

Фидбекот кој се појавува при ова им помага на терапевтите чесно да се соочат со моралните и етичките импликации на своите практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Некогаш таму навраќале видни кнезови за да се соочат со последната игра на својот живот што самите ја нарекле руски рулет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Соочена со такви мрачни мисли мрзоволно го извлече ранецот од автобусот кој веќе беше пристигнал во дворот на Економското училиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Постепено растеше и навиката да се разбудам и со предизвикот на денот да се соочам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во овој миг не сум спремна самата да се соочам со мајчинството.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Режимот не можејќи да се соочи со неизбежниот пораз во рамките на тоталната изолација, настојуваше да се потврдува во градењето на бесцелните музеи, за нивната апотеоза да биде во Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко ми е одамна починат (почина по два месеца откако заминав, затоа што не можеше да се соочи со тоа дека син му е циркузант), мајка ми почива до него од пред некоја година, а брат ми е сметководител во една мала фирма, неженет, и сосема пристојно заработува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Замисли, треба да се соочиш со фактот дека треба да живееш без личноста која ти значи сѐ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој првин се соочи со турските заемки во христијанските текстови и молитви, кои првин му се видоа невозможни, неприродни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас морав да се соочам со состојбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мајкината рационалност, која извираше од конкретното соочување со животот на новото семејство, убаво се усогласуваше со Татковата наклоност кон мистичноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нема војска која не е јаничарска! Нема војска со која не се манипулира. Најчесто во името на соочувањето со мирот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ уште расположен заради топлиот прием на христијаните таму и возбуден по седумте дена поминати во церемонии на прочистување во храмот, беше навистина изненаден од бесот на толпата со која се соочи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Старата левичарска одбивност спрема владеењето на редот и законот сега е соочена со сопствената вистина што се манифестира во Босна и Србија, кадешто локалните воени поглавици без надзор пљачкосуваат, убиваат и си ги суредуваат приватните сметки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но соочени со сивата реалност ова е невозможно. Тука е контрастот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Легна на железниот кревет на кој имаше само сламарица која му замириса на гумно, на летна жетварска ноќ, на 'ржаница, на разни тревки и билки како да дише огромна билна аптека; и дишеше лакомо, среќен и задоволен како дивеч што соочен со хајка и смрт, успеал да си се врати на своето старо и сигурно легло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога се основаа првите селски работни задруги, колективите, кога државата само сакаше да види со какви проблеми може да се соочи при престојната колективизација на селското стопанство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе