сопре св.

сопре (св.)

Не можев да ги сопрам солзите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги сопре, најпосле, стравот што во слепилото на ноќта го почуствуваа од можноста да удрат во француската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Немаше сила која можеше да го сопре во преостанатите денови да продолжи да купува книги кај париските букинисти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Надежта дека напредувањето на нацистичка Германија ќе биде сопрено на Балканот завршило со тотално фијаско и за САД и за Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Чанга обично одеше докрај во извршувањето на науменото, немаше сила што можеше да го сопре, особено кога го водеше инстинктот на вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас не можев да сопрам од плачење. Немаше поп, а ни крст.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Душата твоја во тој миг мека стана како преѓа во која се сопре отровната стрела, се успокои, оти стрелите на зависта ништо не му можат на мекото, кое ги умртвува, а од тврдите, камени ѕидови на суетата се одбиваат како од тврдина, но во нив оставаат дупки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога стравот од страв на единката станува страв на толпата, тогаш станува сеопшт и тогаш ништо не може да го сопре. А тие кои така наредија, сигурно му ја знаеја моќта...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бргу го сопреа два големи бункери, како големи бели очи на ридот, кои ми ја упатуваа последната закана: никогаш повеќе да не се враќам во родната земја зашто, во спротивно, ќе пукаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никој не можеше да го сопре на тој пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се плашам да ги отворам очите, зошто не ќе те видам, Се плашам да пуштам солза, зошто потоа не ќе ја сопрам, Кревка од болка се виткам пред ветрот во денот, Се плашам ќе ме скрши и снема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Никој не можеше да го сопре ова движење на луѓето и козите, под командата на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секако на патот од спутникот до електронскиот мозок ќе ве сопрат и други занимливости, особено модната ревија „вреќата“ и „трапезот“ им го отстапиле местото на фустаните до над колената, на она што пред десетина години беше во мода, како и атомиумот и сѐ што е пред вас ново.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Ебате Господ! Ама тој ти е ѓубре до крвта? Ништо нема да го сопре веќе!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не можев да го сопрам мојот антисталинистички рефлекс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Всушност, нѐ сопре стопанката на хотелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога ја допре за половината, таа брзо го фати за лакотот, како да сака да го сопре, зашто го разбира и премногу добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе