софра ж.

софра (ж.)

Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие се патот на птиците за кон поилото жедта да си ја згаснат Но тие се и софра со лесен појадок по полноќно славје!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Луѓето и жените се искрадоа од своите куќи како лилјаци, ги напуштија софрите и леглото и ме обиколија прашувајќи што ми е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бабичката ја стави софрата и на неа ја поставија пченкарната погача.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тие знаеја дека од него помош не можат да имаат, но како да не се занесеш во надеж кога ене онаму од ридот да скочиш низ баџа дома на софра ќе се најдеш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Возрасните се кршат со жилави танци околу своите богати софри.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Домаќинот ги остави голашите прекршени на две во огништето и кога седна на столчето крај софрето, таа молкна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јани затвора очи и под клепките гледа полна софра и на неа најмногу грав.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тетин Доне ја разгрна ќурдијата, ги поткрена клашите, едната ја испружи крај софрето натаму, а по коленото од другата се удри.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нашите театарџии, не само што не можат да го условуваат своето гостување, туку треба и да се плашат, наместо топла и вкусна супа од опашка од вол, да не добијат рогови за чепкање на забите во кои одамна немаат складирано ниту трошки од богата софра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да јадеш крадени отпадоци од туѓи софри и да се гордееш со тоа: смешно и тажно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Киле седнат на едно триножно столче, со софрата пред него и на неа земјената чинија со сув грав и половината сомун леб од сетното месење, јадеше како одвај да џвака, полека некако мрзоволно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Сус! - просаска татко и откако намуртено нѐ погледна сите, и уште понамуртено ѝ заповеда на мајка: - Донеси ја софрата да вечераме!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Првото јадење што било ставено на софрата бил грав.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Вистините што поминуваат низ тие негови инструменти, ми се чини, секогаш се добро измерени, рече тој и им се врати на богатствата на софрата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Трајко клава борина на светилникот, Митра го полни бардакот со вода, ја тера мачката од под софра и вечерата се сврши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекајќи брашно, и самите лути или замислени, и самите врзани за испуканата земја на недарежливите ниви, понекогаш дочекувале пребој. Не за добитокот. За себе, за софрата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе