спален прид.
спали св.

спален (прид.)

Вистинско љубовно катче за оние кои потекнуваа од лумпен пролетеријатот. За оние што немаа спална соба на четири тркала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Градов ми беше една огромна спална соба во која бладав бдеејќи крај сонот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ако си навежбан, немаш проблем: бицепси, листови на нозе и подготвеност со насмевка да дочекаш некој наркос, кој, и покрај силното обезбедување и камери успеал да се шмугне и да си направи спална соба на 6. меѓукат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стоеше пред вратата на нејзината спална соба и ме гледаше како минувам во тивкото претсобје.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
9 Утрото започна со тивко чукање на вратата од спалната соба на Перо: влезе Атина, со филџан кафе и поголем пакет.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Само што го слушнав брмчењето на нивниот автомобил прво што направив се втурнав право во нивната спална соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А кога Господин Бертран пак го напушти станот со тресок на вратата јас сѐ уште збунета стоев во ходникот и се прашував дали се посомнева дека штотуку излегов од нивната спална соба во моментот кога тој влезе во станот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Многу љубам кога за празници автобусот е празен зашто можам да го минам патот без да го сетам, како во спална соба во воз, па си бирам четири седишта и се испружувам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Креветот и комодата укажуваат дека се работи за спална соба и Duchamp ја набави таа цврста лимена спална соба откако со невнимание, 1914-1915, ја скрши нежната стаклена спална соба (свадбената ложница, да бидеме попрецизни).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Срам -несрам, си влегов и се извозив до долу заедно со нив, ама ич не им попречив гледајќи го дејствието на 3 огледала поставени на страните и одозгора, како во бесрамна спална соба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)