спасува (несв.)

Татко стана вистински заробеник на оваа повеќезначна мисла на белогардејскиот руски научник кого, сигурно спасувајќи се од сталинистичките логори во Сибир, среќата го донесе крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За Мајка остануваше битно дека го извршува верувањето во Бога дека ја испратил во живот да ги спасува своите чеда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сум се замислувал како голем јунак, џин кој ја убива седмоглавата ламја и ја спасува кутрата кралска ќерка... Сешто!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нејзиниот долг живот мина во постојано жртвување спасувајќи ги своите чеда во неизвесната балканска судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја одводнував земјата и ги спасував луѓето од маларија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Судбината сакаше да ја продолжи борбата против овдешните паразитски микроорганизми, спасувајќи ги луѓето од вековната маларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Животот на Мајка се ронеше во спасувањето на своите чеда, дури и кога стаса во доба чедата да го спасуваат животот, таа се повлекуваше во школката на својата осама, во домот со татковите книги, секогаш со жилава надеж да нѐ дочекува од некое враќање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И своето верување во Бога таа го поврзуваше со мисијата која ја имала од него – да биде жива само за да си ги спасува животите на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За неа, верувањето во Бога прераснуваше во голем чин на храброст да се спасуваат чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Оттука не те спасува ниту сто и првиот живот на некој си фраер измислен во книгите – процедува дибекот со качкет – Во триаголниците ја собравме твојата немоќ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кој сакаше да живее требаше да се спасува, како крт да се забуцува в земја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Македонци мои, спасувајќи се од занданите со повикување на римското граѓанство свое, тогаш неумесно ве подучив и не ви кажав сѐ што требаше да ви кажам.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сфатив дека треба да се спасувам што поскоро додека матните води не надошле.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така, за неа, бекташката одредба според која Бог е таму каде што повикува добрината, прерасна во верување дека Севишниот ѝ го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми дошла облечена во руво невестинско и ме моли да ја спасувам...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Спасувајќи ја Македонија за Грција, ја спасуваа Грција од комунизмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе