спекулација (ж.)
На луѓето им е јасна нејзината близина и неизбежност, па и моите филмови се спекулации и размислување за тоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Една спекулација е дека таквите вирозни хумани форми можеби веќе ги населуваат нашите компјутерски системи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Постмодерната теорија за историјата како фикција која не подлежи на вистина туку на спекулација, една е од доминантните теми кои Бунар ги преиспитува, а сомнежот, како неизбежен мотив на современата книжевност, е доведена до перфекција со посредство на неверодостојнливите наратори во чии искази не може докрај да се верува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ајде и јаваш, претставени во синтагмата ајде, ајде јаваш, јаваш (во еден од преводите побрзај, побрзај полека, полека), му послужија на Татко за своевидна филозофска спекулација, која му ја разви на зачудениот Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)