сплетка (ж.)

Сплетки на љубов, чувства и омраза низ меридијаните на мисловниот распон.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кон мене лазеа нивните искинати шепоти и сплетки во чија горчина се насладуваа, му се враќаа на животот со врела крв, бабреа од внатрешна сила.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така пишуваше во дневникот, со нејасни букви, зборови... сплетки на моето и твоето минато, од сопствените патешествија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Погодува кога ќе се каже непријатната вистина в очи, но уште повеќе погодува невистината, лагата и сплетката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Егзистенцијалност, на моето постоење Се сплеткав во канџите на твојата сентименталност и сензот го отуѓив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Како тој знаеше да подбуцнува, да направи некоја сплетка!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Така филмското време на стилизираната геометриско- гастрономска сплетка е сведено на обредни целини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понекогаш ми се разбиструва умот, па ги воочувам сплетките што ми се везат зад грб.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Неговата режисерска професија неретко успеваше да ја примени во партиските сплетки за кои прецедателот Џони Вокер имаше брејнсторминзи и по десетина во минута.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Познати беа по неколку сплетки и переа пари на кипарски сметки правеа раздор кај луѓето гладни несмасни свињи со рилките гадни
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Како и секогаш во случаите кога се прават сплетки, има нешто точно во реченото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но тој, Јован Дамчески, веќе беше изгубен за неа, и за сојот Дамчески и за сиот христијански свет; падна во сплетките на Мусли бег и се потурчи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одолеа на сите напади, сплетки и интриги. А на оние, кои живееја од озборувања, одамна им беше ставила црта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога длабочината на човекот ќе биде недопрена од раката на Светоста, тој ќе се обвитка во лушпите на земските илузии, влегува во сплетки со другите луѓе или сам создава непотребни грижи за време на своето живеење и останува заробен во нивните канџи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во тој миг, би бил готов да ги здробам оние непрокопсаници за чии сплетки ми раскажува овој човек спроти мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)